About us
Идејата на „Алумни клубот“ покрај споделување на информации и од ваша страна е и да можете да комуницирате помеѓу себе во мрежата на овој клуб, што дава дополнителни предности. Членовите на „Алумни клубот“ кои студираат на втор или на трет циклус на студии преку мрежата на „Алумни клубот“ ќе можат да стапат во контакт со други алумни кои може да им помогнат во нивните истражувања или да им овозможат поддршка и можност за посетување практична работа во нивните компании или институции. И обратно, членовите на „Алумни клубот“ кои имаат стручно знаење од одредена област може да им ги понудат своите услуги на другите членови на Клубот. Првиот чекор за заживување на оваа идеја е секако зачленувањето на што поголем број на дипломирани студенти на УГД во „Алумни клуб“, со што можностите, интензитетот на размена на информации, контактите се секако многу поголеми. Во „Алумни клубот“ можете да се зачлените со внесување на адресата од Вашата приватна е-пошта на следниов линк: http://www.ugd.edu.mk/alumni Kонтакт е-пошта: alumni@ugd.edu.mk Се надеваме дека ќе сакате да станете член на „Алумни клубот“ за да ги уживате сите придобивки од оваа иницијатива и да го задржите контактот со Вашиот Универзитет и со Вашите колеги.
- Website
-
http://www.ugd.edu.mk/alumni
External link for Алумни клуб - Универзитетот „Гоце Делчев“
- Industry
- Education Administration Programs
- Company size
- 501-1,000 employees
- Headquarters
- Штип
- Type
- Educational
- Founded
- 2007
Locations
-
Primary
Булевар Генерал Михајло Апостолски 32
Штип, 2101, MK